Цените ќе растат. Инфлацијата ќе ги топи платите. Долговите на државата и на првичниот сектор се зголемуваат, Народната банка со нови проекции за оваа 2011-та. Наместо предвидените 3%, годишната инфлација ќе достигне 5%. Дополнително, ќе се прават пресметки како агресивните трошења во предизборие ќе ја подгреат инфлацијата. Гошев и порачува на власта да не троши повеќе од планираното. И независно дали ќе потроши повеќе првата половина, ако потроши повеќе од тој дефицит, во првата половина ќе ни остане помалку за втората половина од годините. на крајот ќе мора да ја исплива работата во рамките на тој дефицит. Задолженоста кон странство расте, вкупниот надворешен долг се искачи на 66 % од бруто домашниот производ, достигна 4 милијарди и 300 милионил евра.
Цените ќе растат. Инфлацијата ќе ги топи платите. Долговите на државата и на првичниот сектор се зголемуваат, Народната банка со нови проекции за оваа 2011-та.
Наместо предвидените 3%, годишната инфлација ќе достигне 5%. Дополнително, ќе се прават пресметки како агресивните трошења во предизборие ќе ја подгреат инфлацијата. Гошев и порачува на власта да не троши повеќе од планираното.
„И независно дали ќе потроши повеќе првата половина, ако потроши повеќе од тој дефицит, во првата половина ќе ни остане помалку за втората половина од годините. на крајот ќе мора да ја исплива работата во рамките на тој дефицит“, вели Петар Гошев, гувернер на Народна банка.
Задолженоста кон странство расте, вкупниот надворешен долг се искачи на 66 % од бруто домашниот производ, достигна 4 милијарди и 300 милионил евра.
„Ова значи дека по тој критериум сме над 60%, што не е најдобро. Но тоа не значи дека сме ниско задолжени, зошто имаат други критериуми, кои што ја отсликуваат вкупната задолженост“, додаде Петар Гошев, гувернер на Народна банка.
Народната банка знае. но не го соопштува салдото со кредитот на ММФ, колку пари до сега потроши власта.
Гувернерот вели, НБМ е агент на државата и не било професионално да се обелоденува такви податоци. И покрај растот на инфлацијата, НБМ засега нема да ја затегнува монетарната политика. Останува на проекцијата за 3% раст на економијата.